Лила како светска дива во екстравагантна тоалета од Елена Лука на роденденот на „Убавина и здравје“

17 мај 2018

Вчеравечер лајф стајл магазинот „Убавина и здравје" го прослави 10-от роденден со коктел забава на која го промовираше премиум бројот, а воедно уредничката Јована Стојменовиќ им додели признанија и благодарници на своите соработници, како симболично заокружување на значајниот јубилеј.

Меѓу присутните гости, беше и долгогодишната пријателка на магазинот, Лила Стојановска, која и овој пат пленеше со својот изглед и го освои комплетното внимание на сите присутни.

За нејзиниот аутфит секогаш е задолжена модната куќа Елена Лука која за јубилејниот роденден на „Убавина и здравје" за Лила креираше екстравагантна тоалета во која таа изгледаше како светска дива.

Гламурозната тоалета совршено ја потенцира женствената силуета, креирана во крој што ја следи линијата на телото со корсетиран горен дел. Транспарентниот материјал од кој е изработена уникатната креација, е збогатен со рачно везени флорални мотиви што ја надополнуваат нејзината грациозност. Крајниот резултат е беспрекорна тоалета во која Лила изгледа совршено.

 

A post shared by @lilafilipovska onMay 16, 2018 at 11:18am PDT

 

Инаку јубилејното, мајско издание на „Убавина и здравје" излезе со десет различни насловни страници на кои се најдоа 10 прекрасни дами, секоја успешна и реализирана во своето професионално поле.

 

 

Објавено:
17 мај 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
5.316 пати