Најубавата фотографија од кралската венчавка

21 мај 2018

Во морето фотографии од кралската венчавка помеѓу принцот Хари и Меган Маркл, одржана во саботата, една посебно се издвои, па неофицијално е прогласена и за најдобра фотографија од свадбата.

Фотографот на „Press Association“, Јуи Мок е авторот на истата. Тој ја фотографирал кралската двојка од птичја перспектива додека е возеле во кочија, момент во кој вели, било дури и невозможно да се „фати“ било каква фотографија.

„Бев позициониран на врвот на покривот на портата од влезот на Виндзор замокот, а тие поминаа точно под мене. Имав помалку од секунда да погледнам и да ја направам неверојатната фотографија - иако да се има фокус преку металната ограда на која стоев, беше неверојатно, па бев среќен што воопшто сум успеал да „фатам“ нешто“, објаснува Мок на социјалните мрежи, каде доби бројни пофалби за истата.

„Не знам чија е оваа фотографија, но е исклучителна“, „Една од најдобрите фотографии од свадбата, фатени од необичен и неверојатен агол. Одлична фотографија. „Како Дајана да ги гледа одозгора, одлична симболика“, се дел од коментарите.

Мок за медиумите изјави и со каков фотоапарат е направена фотографијата.

„Камера Canon 1Dx MkII  и леќа 70-200mm, а за другите фотографии користев Cannon Pro Network 600mm F4. Дроновите никогаш немаше да бидат дозволени ни блиску до венчавката, посочува фотографот“

Инаку, тој за британската новинска агенција работи од 2000 година. 

„Морам да им оддадам признание и на колегите што ја дотераа фотографијата, Тие викендов работеа прекувремено. Јас им ја пратив фотографијата, а тие ја направија уште помоќна, ставајќи акцент на најубавиот дел. И генерално, тие се заднината на оваа работа, ги праќаат фотографиите ширум светот, а фотографите ја земаат целата слава“, посочува Мок.

Интересно е што меѓу коментарите на социјалните мрежи има и такви кои се однесуваат на бакнувањето на Хари и Меган.

„Не постои кралска венчавка на која има повеќе контакт со усни“, вели еден од коментарите.

Во продолжение погледнете дел од највпечатливите фотографии од кралската венчавка:

 

фото извор: popsugar.com; dailymail.co.uk;

Објавено:
21 мај 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
4.678 пати