Откако ќе ја погледнете целосната галерија во која ви ги прикажуваме парчињата од последната ресорт колекција на Изабел Марант, сигурно ќе посакате да ги имате сите до едно во вашиот плакар.

Ако сте фан на ретро модата, тогаш ова е колекција за вас. Таа создаде супер шик фармерки и панталони со висок струк кои ги комбинира со слатки џемпери кои како да се плетени од нашите баби.

Дизајнерката спои навистина интересни комбинации од нови и ретро трендови, па така предлага фармерки со висок струк и интересен ремен со модерна црна блузичка на едно рамо.

Дел од колекцијата се и стилски фустанчиња, куси со ракави со волумен во горниот дел, лежерни бели здолништа и памучни кошулки, јакни и куси здолништа од сомот чие враќање го најави токму таа и уште многу други одлични парчиња.

Секако, ниту овојпат не заборави во колекцијата да смести и исклучително женски костими во нежни бои, карирани кошули како must have во сечиј плакар.

Што се однесува до модните додатоци, дизајнерката комбинациите ги надополни со стилски куси чизмички во разни бои, но и женствени потпетици.

Погледнете ја искчучителната колекција на талентираната дизајнерка и кажете ни кое парче е вашиот фаворит.

Објавено:
28 јуни 2018
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
356 пати