Марго Роби фантастична во новиот едиторијал за јулскиот Вог

7 јуни 2019

Квентин Тарантино не можеше да собере покомпактна и помаркантна актерска екипа, од онаа што ја сочинува кастингот на неговото ново остварување, блокбастерот во најава „Once Upon a Time in Hollywood".

Леонардо Дикапро, Бред Пит, Ал Пачно, Курт Расел и прекрасната Марго Роби, се дел од тимот што ја пренесува новата интригантна приказна на Тарантино, сместена во последните години од „Златното доба" на Холивуд.

Марго Роби го толкува ликот на тогашната миленичка на Холивуд, актерката Шенон Тејт, чиј живот трагчно завршува, односно таа е најпознатата жртва на серскиот убиец Чарлс Менсон.

Токму овој ангажман на Марго беше еден од поводите таа да се најде на насловната страна на јулското издание на магазинот Вог. Во интервјуто за Вог, убавата и талентрана актерка зборува за искуството да се соработува со Квентин Тарантино, кој таа го вреднува како еден од нејзините омилени режисери и меѓу другото кажува дека огромна желба како актерка и било да глуми во негов филм.

Низ разговорот Марго се навраќа и на нејзините почетоци во филмската индустрија, кога глумела во сапунски серии на австралиски продукции, како и за клучниот момент што ќе ја донесе меѓу ѕвездите во Холивуд, нејзината улога покрај Леонардо Дикаприо во „The Wolf of Wall Street".

Во фотосесијата што го следи интервјуто за Вог, без изненадувања, Марго изгледа магично, стилизирана во комбинации потпишани од Марк Џејкобс, Гучи, Долче и Габана, Мајкл Корс, Шанел, Версаче, Селин и Барбери.

Фото: Vogue

 

Објавено:
7 јуни 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
703 пати