Студентите на УГД од Штип ја слават уметноста, слободата и креативноста

14 мај 2018

Во Штип изминатиов викенд се одржа ревија на студентите на Универзитетот „Гоце Делчев“, а по повод „Ден на Европа“.

„Краток беше приодот за подготовка, но и покрај сите препреки со кои се соочивме и тоа што времето трчаше пред нас, успеавме да ја постигнеме целта. Понесени од паролите „Human dignity, freedom, democracy, equality, rule of law,human rights„ односно „достоинство, слобода, демократија, еднаквост, закон и човекови права“, успеавме да ја пренесеме нашата порака преку моделите. Воедно, уште еднаш докажавме дека креативноста и уметноста е она што нас младите нè прави ова што сме“, вели Ана Ѓорѓева.

Студентите, кои твореа под менторство на Сања Ристески,   истакнуваат дека секоја креативна работа им ја потикнува мотивацијата, за да продолжат со уште поголеми проекти, а со тоа ќе ја пренесат и нивната замисла за, како велат, подобро утре.

Објавено:
14 мај 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
806 пати