Го прочистува воздухот и ги редуцира бактериите, вирусите, чадот – WINIX Zero +

4 декември 2018

Воздухот е еден од елементарните фактори што влијае на нашата здравствена состојба. Токму затоа кога условите се неповолни сите размислуваме во насока на тоа како да го редуцираме штетното влијание. Но, од друга страна, исклучително значајно е да делуваме превентивно.

WINIX Zero + e ефективно решение што ќе ни помогне во заштита на нашето здравје и здравјето на нашите најмили. Се работи за висококвалитетен прочистувач на воздух со докажани перформанси.

Прочистува од ПМ честички, полен, редуцира чад од цигари, бактерии, вируси, хемикалии.

Особено луѓето што страдаат од алергии или астма го препознаваат значењето на овој уред и неговата незаменлива улога во прочистувањето на воздухот.

Го прочистува воздухот во 5 фази на прочистување, префилтер кој може да се мие со вода, филтер со активен јаглен (Coated Deodorization Carbon Filter) кој ги редуцира хемикалиите, вистински ХЕПА филтер обложен со анти бактериско средство кој ги филтрира ПМ честичките поголеми од 0,3 микрометри (PM2.5, PM10), WINIX PlasmaWave® технологија кога ги редуцира хемикалиите.

Она што е уште една голема придобивка е тоа што уредот може рационално да се користи: има тајмер, child-lock, и Wi-Fi конекција со вашиот смарт телефон преку кој можете да го мониторирате и управувате.
Прочистувачот има вграден смарт сензор кој се состои од сензор за ПМ честички и сензор за мириси и хемикалии (VOC). На тој начин најоптимално ќе ја регулира брзината во авто мод за да го прочистува воздухот, a при тоа да биде што е можно потивок. Со уредот е вклучен сет филтри за првата година.

Повеќе информации за уредот може да добиете на овој линк.

Комерцијален текст

 

Објавено:
4 декември 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.028 пати