10 работи што не сте ги знаеле за песната „All I Want For Christmas Is You“

20 декември 2017

Во светските медиуми денеска се појави веста дека најпопуларната божиќна песна во изведба на Мараја Кери, „All I Want For Christmas Is You“ за првпат се најде во Топ 10 на  „Billboard Hot 100“ листата. Годинава се наоѓа на место број девет. Претпоставуваме дека многумина се изненадени од оваа информација, бидејќи според популарноста и застапеноста во овој период од годината, не само што би била во Топ 10, туку би се нашла и на првото место.

Но, годинашниов Топ 10 на „Billboard Hot 100“ листата изгледа вака:

10. No Limit - G-Eazy Featuring A$AP Rocky & Cardi B

9.All I Want For Christmas Is You - Mariah Carey

8. Bad At Love - Halsey

7. Too Good At Goodbyes - Sam Smith

6. MotorSport - Migos, Nicki Minaj & Cardi B

5. Thunder - Imagine Dragons

4. Gucci Gang - Lil Pump

3. Havana - Camila Cabello Featuring Young Thug

2. Rockstar - Post Malone Featuring 21 Savage

1. Perfect - Ed Sheeran Duet With Beyonce

Оваа информација беше повод да дознаеме нешто повеќе за омилената божиќна песна на многумина, па во продолжение прочитајте 10 работи што веруваме не сте ги знаеле ниту вие за „All I Want For Christmas Is You“:

1. Мараја Кери е ко-автор на песната и ја напишала за 15 минути, а во соработка со композиторот Валтер Афанасиеф. Тој во една пригода ќе изјави дека тајната на успехот на оваа песна е во брзината со која ја напишале. „Успешна е затоа што е толку едноставна. Тоа беше една од наједноставните песни што сме ги направиле. Нема многу менување на акроди. Сакав да ја направам поуникатна, па вметнав некои посебни акорди што всушност и не се слушаат многу, што ја прави уникатна и специјална. За недела, две, Мараја ми се јави, со предлог за текстот, кој совршено се совпадна. Во 1994 година отидовме заедно во Њујорк и почнавме со снимање. Тогаш првпат ја слушнавме Мараја како ја пее. Останатото е историја.

2. Мараја не сакала да ја сними. Ниту оваа, ниту било која друга празнична, а уште помалку да прави албум. Во 1994 година, божиќните албуми се врзуваа за повозрасни изведувачки. Нејзиниот тогашен сопруг, продуцентот Томи Мотола, се сеќава дека кога Мараја ја видела насловната на албумот воопшто не била задоволна, дури и му се налутила.

3. Дедо Мразот од видеото кој ѝ носи подарок на Мараја, е всушност нејзиниот сопруг, Томи Мотола.

4. Постои уште една песна со ист наслов. Пред Мараја, Vince Vance&Vailants’ во 1989 година ја објавија песната „All I Want For Christmas Is You“, но хитот на Кери е сосема уникатен и нема никаква врска со споменатата кантри песна.

5. Песната е снимена во лето, поточно во август месец.

„За да го доловиме празничниот дух, во студиото донесовме елки, сијалички, сè што е потребно. Едно време размислувавме да донесеме и снег, но не го направивме тоа, за среќа“, вели Афанасиеф.

6. Ова е една од најпопуларните и најпрофатибилните песни. Продадени се преку 14 милиони копии, а воедно песната е прогласена за една од 10-те најдобро продавани синглови на сите времиња. Во 2013 година се појави информација дека песната на Мараја ѝ донела 50 милиони долари, само од авторски права. А со оглед дека секоја година е исто популарна, близнаците на Мараја нема за што да се грижат до крајот на животот, па дури мајка им ништо друго и да не прави во животот.

7. Ако сте фан на песната, тогаш морате да го решите квизот, кој ќе го најдете на линкот ТУКА.

8. Песната не е снимена со бенд. Афансиеф речиси целата песна ја снимил благодарение на компјутер. Единствениот реален звук, односно снимен во живо е гласот на Мараја и пратечките вокали, кои исто така ги пее таа.

9. Постојат три видеа за All I Want For Christmas Is You. Освен тоа, пејачката создаде и истоимена книга за деца, како и анимиран филм.

10. Речиси сите ја имаат препеано. Шанаја Твен, Џон Мајер, Деми Ловато се само дел од ѕвездите што одлучија да направат нивна „кавер“ верзија на хитот.

 
Објавено:
20 декември 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
966 пати