10 жени од поновата историја што го смениле и го менуваат светот

8 март 2019

Секоја жена има моќ да направи промена. Таа може да биде на индивидуално ниво, на локално, или глобално. Но, секој придонес е значаен, секоја борба за подобри политички, економски и оштествени услови и положба на жената е добредојдена.

Во продолжение ќе видите една листа на жени кои успеале да направат или се уште прават промени во светот. Секако дека оваа листа не завршува тука, ниту пак е доволна за да им се оддаде признание на сите жени што го прват светот подобро место за живеење, но ние се потсетуваме на дел од нив:

Џермеин Грир (1939-) - Австралиска феминистичкичка икона од 1960-тите и 1970-тите години. Во нејзината книга „The Female Eunuch“ го дефинира манифестот за феминистичкото движење кое се покажа како посебно влијателно во 60-тите години. 


Вангари Матаи (1940-2011) -Кенијка, активистика, демократка и борец за женските права. Ја доби Нобеловата награда за мир за нејзиниот придонес кон зачувување на природната средина, односно за спречување на конфликтите преку заштита на ограничените природни ресурси. 

 

Бети Влијамс (1943- ) - придонесе за окончувањето на секташкото насилство во Северна Ирска. Таа го помогна и создавањето на Заедницата за мир и беше наградена со Нобелова награда за мир во 1977 година.

 

Били Џин Кинг (1943 -) - Американска тенисерка, една од најголемите спортистки, која се бореше за еднаква заработвачка на жените во спортот. Таа освои 67 титули, од кои 20 само на Вимблдон и се запиша во историјата.

 

Ширин Ебади (1947-) - Иранска адвокатка, која се бореше за човековите права во Иран, а е поттикнувач на бројни иницијативи за промоцирање на демократија и човековите права. Добитник е на Нобеловата награда за мир во 2003 година.

 

Беназир Буто (1953 - 2007) - Првата жена премиер на Муслиманска земја. Таа помогна Пакистан да има демократско уредување, станувајќи премиерка во 1988 година. Настојуваше да се имплементираат социјални реформи, посебно да им се помогне на жените и сиромашните. Убиена е во 2007 година.

 

Опра Винфри (1954 -) - Американска водителка и бизнисменка. Таа е првата жена што има свое ток шоу, кое дополнително се фокусира на проблемите и правата на жените во Америка.

 

Џ.К.Роулинг (1965 -) - Британска авторка на еден од најдобро продаваните серијали „Хари Потер“. Таа првата книга ја напиша како самохрана мајка, во екстремно лоши финансиски услови, а сега е една од најуспешните жени.

 

Тегла Лороупе (1973 -) - Спортиската од Кенија, го држеше рекордот во женски маратон. Откако се пензионираше, се посвети на заложбата за мир, едукација и женските права. Во нејзината родна Кенија, основаше и „Фондација на мирот“ и „Трка на мирот“, кои беа признаени и пофалени дека помогнале во завршувањето на племенските конфликти.

 

Малала Јусаф (1997 -) - Студентка од Пакистан е најмладиот добитник на Нобелова награда за мир. Таа беше застрелана од Талибанците и им се спротистави и продолжи со кампањите за правото на обазование. Стана глобален застапник за женските права, посебно оние за едукација. 

Објавено:
8 март 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
830 пати