1000 часа за една „Диор“ креација

7 февруари 2017

Темпото што денес модната индустрија го диктира е навистина брзо. Дизајнерите на годишно ниво треба да презентираат четири до шест колекции. Социјалните мрежи многу помагаат во пласирањето и популаризирањето на парчињата од писта, а уличните брендови се инспирираат и создаваат копии.

Но, сето ова не важи за Високата мода.

Досега во повеќе наврати сме ви прикажале како се создаваат некои креации. Неодамна тоа беше креација од „Шанел“, но овој пат вниманието ни го привлекоа дел од парчињата на модната куќа „Диор“.

На модната недела во Париз за Висока мода, одржана кон крајот на јануари, сите очи беа вперени токму во ревијата на овој бренд, бидејќи тоа беше првата колекција од овој тип на Марија Грација Кјури.

Темата беше бајка во шума, па дизајнерката се потруди од сите аспекти да ја задоволи темата.

А за тоа колку е деликатно да се изработи едно парче од оваа колекција погледнете во продолжение:

 

Корсет од ливчиња

Кјури за ова парче се инспирирала од онаа мисла на Кристијан Диор: „После жентие, цвеќињата се најпрекрасните креации. Тие се деликатни и шармантни, но морта внимателно да се „употребуваат“.

За изработка на ова парче потребни биле 300 часа односно околу 12 ипол дена.

 

Цветна круна


Легендарниот изработувач на шапки, Стефан Џонс ги направи сите парчиња за глава и маски. Со оваа колекција тој одбележи 20 години дизајнирање за „Диор“.

Конкретно, оваа круна е составена од четири пчели, четири рози, трее пупки, три цвета од камиличе, две китки цвеќе и една пеперутка.

 

Креации од тул

За да се создаде „воздушест“ ефект, за фустаните се употребени повеќе од 15 метри тул. Заедно, за овие креации биле потребни 74 дена да се изработат. За црниот биле потребни 800 часа односно 33 дена, додека розовиот 1.000 или 41 ден.

Се прашувате зошто толку многу? Сè е во деталите. А и тулот е материјал специфичен за изработка, па имајќи ги овие информации предвид, не изненадува фактот дека ова се и едни од најскапите креации.

Објавено:
7 февруари 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
426 пати
Извор: 
Elle