11 факти за моделите на Victoria's Secret што веројатно не ги знаете

11 декември 2015

Mодна ревија на Victoria’s Secret e секогаш жешка тема за разговор . Но, малкумина се запознаени со некои од интересните факти поврзани со дамите од шоуто, тргнувајќи од начинот на кој тие се облекуваат до тоа како нивните фризури, кожата и шминката изгледаат толку совршено.

1. Откако на моделите им се доделени чевлите за ревијата тие постојано ги носат за време на сите фитинзи и проби па затоа не се сопнуваат и паѓаат на пистата.

2. Некои од девојките носат невидливи колани под нивна долна облека за да се спречи прекумерната откриеност.

3. Бра потполнки се на располагање за моделите, ако сакаат да ги користат.

4. За да се задржи се на свое место, стилисти се решаваат за двострана модна лента.

5. Бидејќи аутфитите знаат да се распараат зад сцената кога модели ги облекуваат, шивачките се постојано при рака за да бидат сигурни дека уште може да се износат.

6. Неколку часа пред ревијата, моделите се веќе подготвени со фризури и шминка благодарение на помошта од 32 шминкери, 32 фризери и шест маникири. Тие користат 60 Beachwaver алатки за коса и 40 лименки од лак за да ги подготват сите 47 девојки кои чекорат на пистата.

 7. За последното шоу, сите освен една девојка добија екстензии. "Ние ставивме во косата екстензии на секоја девојка за да им дадеме волумен. Тоа не се однесуваше за должината оваа година", објасни на шоуто фризерката Сара Потемпа. Марија Борхес беше единствениот модел кој чекореше на пистата со нејзината природна коса.

8. Да се направи на моделите да изгледаат тонирани, нивните тела се шминкаат пред да се облечат во нивните костими. Тие, исто така се тонираат со спреј еден или два дена пред ревијата.

9. Моделите не учествуваат многу во облекувањето. Зад сцената има тим што им помага да влезат и излезат од нивните крилја и долната облека.

10. Повеќето од моделите вежбаат интензивно двапати на ден, една недела или две пред шоуто.

11. Моделите пред ревијата имаат трик на исфрлање на што поголем процент на течност од телото за кратко намалување на тежината.

Објавено:
11 декември 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.656 пати