130 години од раѓањето на Коко Шанел

20 август 2013

cocochanel1

Точно 130 години од раѓањето на славната Коко Шанел беа прославени вчера. Таа не само што претставува модна икона, не само што успеала да создаде бренд кој и денес е еден од водечките во модната индустрија, таа успеа да направи модна револуција, а нејзините изјави и мисли и денес ја имаат истата мудра вредност и актуелност.

Со нејзината, облека, мисли и енергија во се она што го правела и оставила зад себе, жените се чувствуваат поубаво, помоќно и модерно.

Во продолжение ве потсетуваме на дел од највпечатливите изјави на Коко, како и нејзините модни комбинации.

„Модата избледува, само стилот останува ист.“

„Пантолоните ги ослободуваат жените.“

„Совршеното здолниште треба да ги покрива колената.“

„Луксузното мора да е удобно, инаку не е луксузно.“

„Обожувајте ги кратките црни фустани.“

„Совршениот костум треба да биде комбинација од женствени и мажествени елементи.“

„Чантата со рачка која се префрла преку рамото е најдобра бидејќи ги остава рацете слободни.“

„Жената треба да биде две работи: елегантна и прекрасна.“

 

„Сите мажи се деца, а ако го разбере тоа, жената разбира се“.

„Не го трошете времето ударајќи во ѕид, надевајќи се дека ќе го претворите во врата“.

„Модата не е нешто што постои само во фустаните. Модата е во небото, улиците, модата е поврзана со идеите, начинот на кој живееме, и она што се случува“.

„Најхрабриот чин е да мислите на себе. Гласно“.

„За да бидете незаменливи, нешто секогаш мора да биде поинакво“.

„Каде треба да ставаме парфем? Секаде каде што сакаме да бидеме бакнати“.

 

Објавено:
20 август 2013
Категорија: 
Актуел