17 модни моменти што ја одбележаа 2017 година

15 декември 2017

Уште 16 дена до изминувањето на 2017 година. Со доаѓањето на новата година, ќе почнат новите случувања, а со тоа и оценките за нивната актуелност и популарност.

Во продолжение ќе видите сублимат на 17 модни моменти и вести  за кои се зборуваше најмногу во годинава на изминување (не се хронолошки наредени):


Ревијата на Версаче во чест на Џани Версаче и обединување на супермоделите од 1990-тите

Ова беше еден од најзначајните модни моменти, посебно имајќи предвид дека годинава се одбележаа 20 години од смртта на големиот дизајнер. Донатела успеа да го оживее неговиот спектакуларен моден успех од 1990-тите и уште еднаш да нè потсети дека тој уште долго ќе биде на врвот во модната индустрија.

Повеќе ТУКА.


Модните изданија на Меланија Трамп

Од инаугурацијата на Доналд Трамп кога се појави во беспрекрна креација на Ерв Пјер, кој воедно и се грижи за нејзиниот стил, Меланија цела 2017 година беше во центарот на вниманието. Бојкотот што го направија голем број дизајнери кон почетокот на годната, резултираше со уште поголемо медиумско внимание. Госпоѓата Трамп е новата омилена прва дама на САД, без разлика што тоа не сакаат да го признаат.

Едно од изданијата за кои многу се зборуваше е синиот костим при влегувањето во Белата куќа, кога многумина ги потсети на Џеки Кенеди, како и цветното палто со потпис на Долче и Габана кое чини повеќе од 51.000 долари, а поради кое се најде и на мета на критики.


Ријана апсолутен победник на МЕТ Гала 2017

Темата на годинашното издание на оваа манифестација беше работата на јапонската дизајнерка Реи Кавакубо (74), која креира под брендот Comme des Garcons. И додека многумина потфрлија, Ријана уште еднаш ја покажа својата модна смелост и облече нејзина креација со што беше прогласена за најдобро облечена личност на настанот, а за тоа се зборуваше и месеци подоцна.

Повеќе ТУКА.


Стилскиот двобој на Икеа и Баленсијага

Нема шанси да не се сеќавате на сината торба, благодарение на која се забавуваше целиот свет. Бреднот „Баленсијага“ лансираше торба која многумина ги асоцираше на далеку поевтината варијанта од „Икеа“, а тимот на шведскиот бренд пак, одлучи да се пошегува на сметка на тоа. 

На оваа вест ве потсетуваме ТУКА.

 

Комплетно “црниот“ Пирели календар

Пирели календарот секогаш се очекува и проследува со големо внимание. Откако минатата година одлучија да прикажат календар со фотографии без фото-шоп обработка и шминка, оваа година вниманието го задржаа така што ангажираа исклучиво Афроамериканци и албино Афроамериканци.

А како изгледаше крајниот резултат ве потсетуваме ТУКА.


Враќањето на Селин Дион како модна икона

По бројните трагедии, Селин Дион никогаш не била попопуларна во медиумите, а благодарение на својот изглед. Пејачката направи комплетна трансформација на стилот, па не само што се најде на листите на најдобро облечени, дури и беше прогласена за нова модна икона. Годинава за неа беше значајна и поради тоа што ја лансираше колекцијата чанти, а сите се сеќавате на нејзиниот настап на Билборд наградите и неверојатната креација на Стефан Роланд.

 

Деби на Каја Гербер

Иако Кендал Џенер беше прогласена за модел на годината и деценијата, сепак ќерката на Синди Крафорд е моделот кој доминираше во 2017 година. Своето деби го направи на ревијата на „Шанел“, а успесите продолжија да се редат, па речиси и да немаше познат бренд на чија ревија таа не се појави. Многумина сметаат дека ќе ја замени мајка си и ќе биде супермоделот на новата генерација.

 

Ешли Греам на ready-to-wear ревија на Мајкл Корс

Мајкл Корс е најдобриот бизнисмен меѓу дизајнерите, а Ешли Греам е најпознатиот плус-сајз модел кој создава нова историја. Заедно, тие двајца ги скршија досегашните граници и Ешли беше првиот плус-сајз модел кој се појавил на ready-to-wear ревија, благодарение на дизајнерот. Овој чекор беше поздравен од модната индустрија, по што во текот на годината видовме и уште неколку слични примери.

Повеќе ТУКА.

 

Изгледот и љубовната приказна на Брижит Макрон

Листава не може да биде комплетна без Брижит Макрон. Првин го привлече вниманието со љубовната и животна приказна, па се најде на удар на медиумите поради изгледот, за потоа да стане новата модна икона што доаѓа од Франција. Благодарение на соработката со „Луј Витон“, смелите избори што вклучуваат здолништа над колена, кожени панталони, но и совршените сакоа и фустани, таа наметна нови модни правила, на кои и најголемите модни стручњаци не оддолеа.

 Повеќе ТУКА.

 

Креацијата на Џон Галијано за „Матин Марџела“

Ова беше вистинско освежување во модниот свет, а воедно и највпечатливата креација од модната недела во Париз одржана во јануари годинава. Белиот капут со лице од жена создадено од тул стана вирален хит и парче на кое сите му се восхитуваа. 

Кој учествуваше во нејзиното создавање и зошто остави толку силен впечаток ве потсетуваме ТУКА.

 

Заминувањето на Кристофер Бејли од „Барбери“

Дизајнерот што му даде сосема нова димензија на „Барбери“ и го стави повторно во фокусот на модната индустрија, Кристофер Бејли, неодамна ја потврди информацијата дека си заминува од британската модна куќа. Во текот на своето работење тој доживеа големи подеми и успеси, но и падови, а на крај одлучи дека ќе биде добро после 17 години работа да се разделат со „Барбери“, вест што ја разбранува модната индустрија. Сè уште не е познато кој ќе го наследи, па возбудата околу оваа вест сè уште трае.

Повеќе ТУКА.

 

Феминистичката маичка на „Диор“

Марија Грација Кјури по преминот од „Валентино“ во „Диор“ сè повеќе го врти вниманието кон себе и прави модната фела комплетно да се вљуби во нејзината работа. Годинава во тоа ѝ помогна маичката со порака „Сите треба да сме феминисти“, што е воедно и едно од парчињата за кои најмногу се зборуваше во 2017 година. Воедно, дизајнерката е првата жена на чело на луксузната модна куќа, а свесна за фактот, ги искористи своите минути за да го направи она што секоја жена ќе посака да го купи.

Повеќе ТУКА.

 

Смртта на Азедин Алаја

Кон крајот на претходниот месец, модниот свет се збогуваше со еден од најголемите и најплодни дизајнери, Азедин Алаја. Тој стана препознатлив по тесните фустани во текот на 1980т-тите години, а воедно беше и еден од омилените дизајнери на голем број познати ѕвезди кои ја имале честа да соработуваат со него.

На неговата приказна ве потсетуваме ТУКА.

 

Тери Ричардсон и Брус Вебер обвинети за сексуално злоставување

Приказните за сексуалното малтретирање од страна на режисерот Харви Вајнстајн предизвикаа вистински ураган во „Холивуд“, а тој ја зафати и модната индустрија. Голем број модели и ѕвезди се осмелија да зборуваат за страшните искуства со фотографот Тери Ричардсон, кој инаку е познат по експлицитната и провокативна естетика. Веднаш потоа на удар се најде и фотографот Брус Вебер. Може да се рече дека 2017 беше година на потресни сведоштва, откривање мрачни тајни и скандали.

Повеќе ТУКА.

 

Девојка со хиџаб на насловна на „Алур“

Во јули месец годинава магазинот „Алур“ одлучи нивната насловна страна да ја краси првиот модел со хиџаб, Халима Аден. Инаку, таа првпат се појави на модната недела во Милано во месец февруари и оттогаш медиумите не престанаа да пишуваат за неа. Беше дел од ревиите познати брендови меѓу кои „Макс Мара“, „Алберта Ферети“, а инаку уредничката Карин Ројтфелд е личноста што ја откри.

Повеќе за неа прочитајте ТУКА.

 

Хелен Мирен и Џејн Фонда главни ѕвезди на ревија

Возрасните модели исто така доживеаја подем годинава, а тоа се потврди и со учеството на Хелен Мирен и Џејн Фонда на ревијата во организација на „Л'Ореал“. Џен (79) и Хелен (72) ја покажаа својата грациозност, убавина и дух и уште еднаш им порачаа на сите дека годините навистина се само број.

Повеќе ТУКА.

 

 Модните трансформации на Селена Гомез

Дефинитивно 2017 е годината што Селена Гомез ќе ја памети долго. Освен по борбата со здравјето и трансплатацијата на бубрег, младата пејачка беше во фокусот на вниманието и поради врската со The Week'd  и разделбата со него, враќањето на Џастин Бибер, но и модните трансформации. Гомез стана блондинка, креираше на брендот „Coach“ чие заштитно лице е, а со модните комбинации станува една од најголемите модни икони на новата генерација (имајќи ја предвид и популарноста на социјалните мрежи).

Објавено:
15 декември 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
648 пати