20 години брак: Бекамови на емотивен начин си ја честитаа годишнината

4 јули 2019

„Вау, 20 години, погледни што создадовме. Те сакам многу“, со оваа порака и колаж од фотографии Дејвид Бекам ѝ ја честиташе годишнината од брак на својата животна партнерка Викторија, а во истата објава ги означи и нивните деца.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by David Beckham (@davidbeckham) onJul 4, 2019 at 12:41am PDT

Викторија пак напиша: „20 години денеска! Те сакам многу и те бакнувам“, а во прилог одеше и видео од нивни заеднички фотографии.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham) onJul 4, 2019 at 12:19am PDT

И да, за 20 години тие поминаа низ многу тешки моменти, под будното око на јавноста. Успехот на Бекам како фудбалер го следеа и многу озборувања за афери, што успеа да внесе немир во нивниот живот. Сепак двојката успеа да остане заедно и да создадат семејство со четири деца.

Освен што успеаја да ја одржат љубовта и семејството, тие направија и успешни кариери и од своето семејство и име создадоа бренд.

Во продолжение погледнете ја модната ретроспектива на нивните појавувања како двојка:

 

Објавено:
4 јули 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.787 пати