2015 е година на „Гучи“ и Микеле

16 ноември 2015

Креативниот директор на модната куќа „Гучи“, Алесандро Микеле имаше одлична година, а ќе ја заокружи со наградата за „Најдобар Интернационален моден дизајнер“, која ќе ја добие следниот понеделник на доделувањето на „Британските модни награди“.

Алесандро Микеле

-Навистина сум почестен и сè уште не можам да поверувам во тоа – изјави дизајнерот за британските медиуми.

Истите пренесуваат дека откако Микеле стана дел од тимот на „Гучи“, оваа модна куќа е една од највлијателните во светот во моментов.

Дизајнерот е постојано активен, неодамна ја претстави и својата прва изложба, по што следеше информацијата дека следната ресорт ревија ќе ја претстави во Лондон.

Изборот секако не е случаен, особено не после добивањето на британскиот моден „оскар“.

Инаку, минатогодишната ресорт колекција ја презентираше во Њујорк, а сите ја паметат по тоа што моделите се забавуваа на улиците на овој град. Токму затоа, очекувањата за Лондон се уште поголеми.

Што ќе прикаже Микеле, кој направи вистинска револуција со „бубаторскиот“ стил, останува да видиме.

Објавено:
16 ноември 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
405 пати