2Cellos во магична Божиќна кампања

20 ноември 2017

Светски познатите музичари Стјепан Хаусер и Лука Шулиќ, што го сочинуваат маестралното дуо 2Cellos, се главните ликови во новата Божиќна кампања на брендот s.Olivier Black Label, со што ја продолжуваат нивната претходна, заедничка соработка.

Едиторијалот за новата колекција го фотографираше модниот фотограф Фрањо Матковиќ, кој е воедно и автор на нивната претходна, пролет-лето кампања.

Овој пат амбиентот е топол, но минималистички, со акцент на моделите кои се олицетворение на современиот маж со дефиниран стилски профил.

Колекцијата се состои од елегантни парчиња што не се резервирани единствено за деловниот изглед, туку може да се комбинираат и со кежуал парчиња, претежно изработени од пријатни, природни материјали како волна и комбинација на различни ткаенини и памук.

Колорната палета ја сочинуваат претежно сиви, кафеави и сини тонови, а карираниот принт што важи за еден од најактуелните трендови, се појавува на сакоата и панталоните.

Фото извор: buro247.hr

 

Објавено:
20 ноември 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
390 пати