Албер Елбаз нов директор на Оскар де ла Рента?

24 август 2016

Во светот на модата овие денови се шпекулира дека Албер Елбаз би можел да биде новиот директор на модната куќа Оскар де ла Рента.

Имено, Питер Копинг кој беше на чело на модната куќа, си замина од позицијата во јули годинава, а оттогаш немаше никакви информации кој би можел да го замени.

Според гласините што кружат низ модните кругови последниве денови, токму Албер Елбаз би можел да го замени познатиот дизајнер.

Елбаз ја напушти позицијата на креативен директор на модната куќа Ланван каде работеше цели 14 години кон крајот на минатата година, а сега конечно би можел да ја продолжи кариерата во нова модна куќа.

Според информациите во модните кругови, извршниот директор на Оскар де ла Рента, Алекс Бодел, добил одлични препораки за дизајнерот директно од Ана Винтур, по што веднаш почнале и преговорите за работното место.

Доколку шпекулациите се покажат како вистина, ќе биде навистина интересно да се види каква енергија Елбаз ќе и донесе на модната куќа која е позната по единствените романтични и нежни парчиња.

Објавено:
24 август 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
132 пати