„Алис+Оливија“ со продавница во Токио

6 декември 2013

 

Дизајнерката Стејси Бендет ја направи својата прва посета во јапонската престолнина, за да го прослави отворањето на првата самостојна продавница „Алис + Оливија“ . Просторот опфаќа 1615 квадратни метри распоредени  на два ката. Ентериерот е целосно во стилот на Бендет, вклучувајќи детали како  црно-бели карирани ѕидови и подови, килими со леопардов принт и мебел во ретро дух.

 

 

Во пресрет на отворањето кое се случи во петок,  Бендет позираше пред фотографите и фановите и даваше изјави облечена во макси фустан, стегнат со тока на половината, висока шапка, многу накит и јаки бои.

 

 

„За мене отворање на моја продавница во Токио е како остварување на еден дамнешен сон и ми причинува големо задоволство што конечно стана јаве. Инспирирана сум од начинот на кој јапонските жени се облекуваат. Поседуваат неверојатна мешавина на елеганција и не се плашат да го покажат својот шик и префинет изглед“, кажа Бендет.

 

 

 

 

Објавено:
6 декември 2013
Категорија: 
Актуел