Алисија Викандер во „Луј Витон“ на премиерите на „Tomb Raider“

12 март 2018

Кон почетокот на месецов започнаа премиерите на долгоочекуваното ново остварување „Tomb Raider“.

Алисија Викандер ја замени Анџелина Џоли во главната улога. Реакциите околу изборот на актерката се различни.

Но, без разлика на тоа, 29-годишната Швеѓанка одлучи на секоја од премиерите да биде различна, а сепак доследна на својот впечатлив, но не и наметлив стил.

Прва во низата премиери беше онаа во Мадрид. Викандер се појави во полежерно издание, односно во кусо кафено фустанче со долги ракави, во комбинација со сандали на врзување.

Потоа следеше Берлин, за каде одбра цветен долг фустан со откриени раменици и карнери на ракавите. Кожените детали го збогатија фустанот и го направија повпечатлив.

За премиерата во Лондон минатата недела, се одлучи пак за долга цветна тоалета, исто така со карнерчиња во делот на раквите, благ V-израз и шлиц во предниот дел.

После Лондон следеше премиерата во Стокхолм, а на домашен терен, Алисија блесна во долг фустан со сребрена ткаенина во предниот дел, а во комбинација со бела транспарентна. Деколтето е во длабок V- израз, а фустанот има и долги ракави.

Петтата по пред премиера се одржа вчера во Мексико Сити. Жолт долг фустан, со романтична нота, која актерката често ја преферира во својот избор на облека.

Секоја од креациите е со потпис на модната куќа „Луј Витон“, чие и заштитно лице е.

Инаку, тука не завршуваат премиерите и појавувањата на Алисија. Што подготвила модната куќа за актерката во наредниот период останува да видиме. Од досегашните, која креација и комбинација е вашиот фаворит?

Објавено:
12 март 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
451 пати