Алта модната недела во Рим на пауза

24 декември 2014

alta

Модната недела во Рим, посветена на Високата мода, односно Alta Roma couture fashion week,  која се одржува од 31.јануари до 2.феврари, оваа година е откажана. Причините се недостаток на финансиски средства. Инаку, оваа модна недела е позната по тоа што ги поттикнува и фаворизира младите таленти, и го слави италијанскиот занает.

Нивната програма „Whi is on next?“ е во партнерство со Vogue Italia за помагање на дизајнери со италијанско потекло.

-Оваа година ќе ја проуштиме можноста да ја потврдиме довербата во јавните цели, односно во подржувањето на развојот и да им дадеме надеж на оние најважните сектори за иднината на нашата земја - изјави Силвија Вентурини Фенди.

Претседателот на Alta Roma модната недела најави дека манифестацијата сепак ќе се одржи од 11-ти до 15-ти јули.

Објавено:
24 декември 2014
Категорија: 
Актуел