Америка ги легализираше истополните бракови

27 јуни 2015

Вчерашниот ден (26 јуни) влезе во светската историја со одлуката на Врховниот суд во САД да се легализираат истополните бракови во сите 50 американски држави. После долги години борба против дискриминацијата и барањето исти права какви што важат за хетеросексуалните парови, Врховниот суд објави пресуда со која засекогаш се смени лицето на Америка и животот на милиони луѓе. Американскиот претседател, Барак Обама по овој повод изјави: „Америка треба да биде горда“, а на својот профил на Твитер го објави хаштагот #loveforall (љубов за сите).

Објавено:
27 јуни 2015
Категорија: 
Актуел