Ана Ивановиќ во шик и стилско издание

11 јули 2017

Познатата поранешна тенисерка и една од најуспешните спортистки од Балканот, Ана Ивановиќ многупати до сега покажала дека подеднакво умешно се снаоѓа во модниот свет исто колку и во спортот.

Уште една прилика кога не воодушеви со нејзиниот комплетен изглед, беше кога заедно со нејзиниот сопруг, германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер, неодамна се појавија на вечера што ја организираше луксузната компанија Rolex.

@anaivanovic

 Според фотографиите што Ана ги објави на нејзиниот профил на Инстаграм, таа била ѕвезда на вечерта. Нејзиниот стилски избор се состои од минималистичка, но ултра шик комбинација со романтичен предзнак. Женственото здолниште во нежно розова нијанса, украсено со предимензионирана, странично поставена панделка, е комбинирано со блуза во црна варијанта, на која акцентот е ставен на ракавите со карнери во иста боја како и здолништето.

@basti_fussballgott_31

Комбинацијата е заокружена со мини клач чанта во транспарентна варијанта и сандали на висока потпетица.

Објавено:
11 јули 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.140 пати