Ана Винтур го напушти шоуто на Марк Џејкобс

13 септември 2018

Уредничката на модниот магазин Вог и една од најпознатите дами во модната индустрија Ана Винтур го напуштила шоуто на популарниот дизајнер Марк Џејкобс откако организацијата задоцнила со почетокот цели два часа.

Некои од медиумите пишуваат дека и голем број други уредници си заминале, бидејќи имале закажани летови кои не смееле да ги пропуштат.

Последно што беше објавено во магазинот The Cut е дека таа всушност не го напуштила објектот, туку дека разговарала на телефон некаде зад сцената.

Сепак, кога почнало шоуто со час и половина задоцнување, Винтур повторно се вратила и ја проследила ревијата до самиот крај.

Никој од новинарите не ја дознал точната причина за доцнењето со шоуто, само дека зад сцената постојано се носеле машини за шиење со кои најверојатно се довршувале моделите.

Сепак, прекрасните и магични тоалети што дизајнерот ги прикажа на сцената се чини дека вредеа за секоја минута чекање.

 

Објавено:
13 септември 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
525 пати