Ана Винтур некогаш и сега

15 мај 2013

Ќерката на Чарлс Винтур, познатиот уредник на London Evening Standard, во раните седумдесети години на минатиот век била млада британска девојка, која била опседната со модата. Главната уредничка на американскиот Вог денеска зазема челно место на сите модни настани и шоуа. Поседува доволно моќ и капитал секојдневно да прави промени во врска со сопствениот изглед, но сепак едноставната Ана, го негува скромниот лежерен изглед. Истото се однесува и за нејзината боб фризура, па токму поради тоа интересно е да се знае дека во 1970 година таа имала потемна нијанска на косата, која и била до рамената, со подолги шишки кои речиси и ги покривале очите.

 

Објавено:
15 мај 2013
Категорија: 
Актуел