Андреја Пејиќ е новото заштитно лице на Make Up For Ever

23 април 2015

Откако неодамна позираше за мајското издание на Вог пред објективот на Патрик Демаршелие, трансродовата манекенка Андреја Пејиќ стана заштитно лице на брендот за шминка Make Up For Ever.

Оваа информација таа за прв пат ја сподели со јавноста во интервјуто за Вог, без да открие било какви детали поврзани со кампањата.

Андреја Пејиќ за Вог Андреја Пејиќ за Вог

Она што е и повеќе од сигурно е тоа што веруваме дека оваа кампања ќе биде и повеќе од успешна, со оглед на тоа што станува за исклучително талентирана и ангажирана трансродова манекенка и бренд за шминка што има огромен број обожаватели ширум светот.

Покрај Леа Т која од неодамна е заштитно лице на брендот за производи за коса Редкен, Андреја е една од најангажираните трансродови манекенки во светот.

Објавено:
23 април 2015
Категорија: 
Актуел