Андреја Пејиќ за прв пат на пистата како жена!

24 февруари 2015

Откако конечно пред неколку месеци го промени полот од маж во жена, Андреја Пејиќ за прв пат се појави на пистата на Giles во рамки на модната недела во Лондон.

Пејиќ се појави во црна сатенска наметка со висока бела јака и панделка во горниот дел. Како и досега, таа на пистата се појави во вртоглави потпетици и сосема женствени хулахопки со точки.

Веднаш по операцијата, таа призна дека конечно се чувствува убаво во сопствената кожа.

„Сега вистински можам да застанам пред огледало и вистински да уживам во она што го гледам. Јас воопшто не сум поинаква, јас и сега сум истата личност само со различен пол. Искрено се надевам дека сите ќе можат да го разберат тоа“, изјави Пејиќ.

Веднаш по лондонската модна недела, таа ќе се појави и на еден моден фестивал во Австралија, каде ќе чекори на пистата за тамошниот дизајнер Josh Goot.

Нејзината операција за промена на полот предизвика бура од позитивни реакции во модниот свет, потенцирајќи ја важноста на тоа од колку големо значење е секој да биде она што сака да биде!

„Пред да влезам во операционата сала бев пресреќна. Не верував дека човек може да биде толку среќен пред операција. Заздравувањето траеше доста долго, поминаа речиси три месеци додека не се чувствував добро“, изјави манекенката.

Како што и самата посочи, таа секогаш ќе се труди нејзината приказна да ја подели со јавноста и да се надева дека тоа конечно ќе ја намали помпезноста околу операциите на промена на полот.

„Сите имаме еднакви права и не би требало да се оценуваме едни со други според полот“, вели манекенката родена во Босна.

Објавено:
24 февруари 2015
Категорија: 
Актуел