Анџелина Џоли стилски синхронизирана со своите деца на црвениот килим

11 јануари 2018

Црната е омилена во семејството на Анџелина Џоли. До сега тоа многупати е прикажано преку изборот на актерката за различни формални и неформални пригоди, кога таа најчесто носи комбинации во црно.

Веројатно, нејзината пасија за монохроматски црни комбинации ја преземале и нејзините деца.

На нивното последно јавно појавување на црвениот килим на гала вечерата на „National Board of Review Awards“  во Њујорк, Анџелина заедно со ќерките Шајло (11) и Захара (13), беа стилски синхронизирани во монохроматски аутфити.

Џоли носеше елегантен Валентино фустан во комбинација со романтична тантела, додека нејзините ќерки беа облечени во унисекс слоевити комбинации со сако и панталони, за што често може да се слушне во јавноста дека е стил наметнат од Анџелина и околу тоа прашање постојат поделени мислења.

Фото извор: Elle.com

Објавено:
11 јануари 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.819 пати