Анџелина Џоли во беспрекорно издание

29 јуни 2018

Холивудската актерка и режисерка, Анџелина Џоли, периодов престојува во Велика Британија каде го снима второто продолжение на „Maleficent".

Таа беше на листата елитни гости што вчера беа поканети од британското кралско семејство, да присуствуваат во катедралата St.Paul каде беше одржана миса по повод 200 години јубилеј од витешките редови на Св.Михаил.

На свеченоста Џоли се појави во беспрекорно издание, облечена во елегантен беж фустан со нагласена половина од Ралф и Русо, а особен печат на целиот изглед му даваат луксузниот брош и софистицираната шапка.

 

 

Објавено:
29 јуни 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.955 пати