Ангела Меркел во иста туника и после 18 години

12 август 2014

На познатите личности не им е лесно. Ова особено се однесува за припадничките на понежниот пол кои треба да бидат внимателни два пати да не се појавуваат во иста креација бидејќи медиумите веднаш ќе им стават етикети. Во тој контекст најчитаниот германски дневен весник Билд кој е наклонет кон политиката на Меркел смета дека на овој начин се потврдува дека таа е штедлива личност која со носењето на иста облека ги придобива симпатиите на народот за разлика од оние кои имаат по најмалку 30 пара чевли специјално дизајнирани за нив.

Ангела Меркел неколку пати била видена во иста сина туника од сатен, а колажот фотографии објавен во магазинот Билд предизвика разни реакции насекаде во светот. Новинарката Дејана Риз од Вашингтон Пост смета дека јавноста не треба да се занимава со облеката,туку со делата и акциите на политичарите

Медиумите знаат да упатат остра критика за жените политичарки. За разлика до мажите кои може неколку пати да се појават во исто одело, под модна лупа ќе биде некоја политичарка доколку е видена во иста креација или доколку купила прескапо парче облека. Единствен исклучок е Роналд Реган кој често пати носел исто кафено одело.

Првата дама на САД Мишел Обама беше критикувана за носењето на одело до 7. 000 долари, а при тоа јавноста не беше воодушевена ни кога носеше евтини парчиња кои може да си ги дозволи секоја просечна Американка.  Во такви случаи медиумите нејзиниот стил го опишуваат како „економичен шик“, а кон овој тренд е склона и војвотката од Кембриџ која обожава да носи парчиња од Зара.

Објавено:
12 август 2014
Категорија: 
Актуел