Ања Рубик на улиците во Лондон

13 јуни 2013

Моделот Ања Рубик е избрана по седми пат како заштитно лице за рекламната кампања на италијанскиот бренд за чевли Џузепе Ѕаноти. Изгледа дека партнерството помеѓу оваа полска убавица и веќе докажаниот бренд вроди со плод.

 

 

Фотографиите се во црно-бела позадина и го отсликуваат духот на улиците во Лондон. Кампањата ја работеше Карим Садли, а на вас ви останува да погледнете дел од фотографиите.

 

 

 

Објавено:
13 јуни 2013
Категорија: 
Актуел