Аплаузи за Ив Сен Лоран - Кијану Ривс е новото заштитно лице

2 мај 2019

Модната куќа „Ив Сен Лоран“ ги изненади сите со својот последен професионален чекор. Модните стручњаци, а и публиката упатија аплаузи за изборот на новото заштитно лице, актерот Кијану Ривс.

Многумина се изненадија што го видоа 54-годишниот Ривс во улога на манекен, но сметаат дека е најдобриот чекор што брендот го направил во последно време.

На фотографиите Кијану позира во кожна јакна и одело и изгледа совршено. Долгата коса и брадата се имиџ кој го практикува веќе извесно време, а одлично му прилега и се вклопува во оваа модна приказна.

Покрај тоа што и во шестата деценија изгледа совршено, Ривс е омилен и поради неговата скромност, доблест и хуманост, а најмногу поради тоа што не се вклопува во холивудската матрица. 

Го нарекуваат тажниот херој, поради суровата животна приказна, но тој одбива за себе да каже дека е тажен. Го живее животот како што милува, а овој пат се согласил да влета во модна авантура, со што израдува бројни обожаватели.

Дали оваа соработка ќе има продолжение, останува да видиме. 

Објавено:
2 мај 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.951 пати