Апсолутен моден хит: Уникатните блузони од Елена Лука се MUST HAVE што ѝ даде стилски печат на годината!

29 ноември 2019

Ако годината во изминување треба да ја обележиме со уникатно дизајнерско парче што ѝ даде стилски печат, тогаш тоа апсолутно се авангардните дизајнерски блузони на нашиот моден бренд Елена Лука!

Едно неповторливо парче во кое имате сè: уникатен дизајн, функционалност, квалитет и урбана естетика!
Она на што треба да посветите внимание е тоа што овој беспрекорен дизајн на блузони, може да го комбинирате и во свечени, луксузни изданија, а секако и во кежуал, спортски аутфити.

Незавсно дали посакувате драматичен ефект со кој ќе привлечете внимание или сакате да оставите незаборавен стилски печат во уличната мода, блузоните од Елена Лука доаѓаат во богати и раскошни изданија што ќе ја истакнат вашата индивидуалност и префинет вкус.

Рачните доработки со пердуви, 3Д форми со тул, елегантни детали со мониста, натписите со логото на брендот, се клучни детали што им даваат уникатен карактер на блузоните што би ги посакал секој што почитува автентичен дизајнерски приказ на модните тенденции.

Не ја пропуштајте единствената прилика да го купите вашиот омилен дизајн со намалени цени во рамките на актуелнте попусти во ателјеата на Елена Лука!

 

 

 

 

 

Објавено:
29 ноември 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.162 пати