Ателјето на Елена Лука во Струмица одбележува 5 успешни години!

18 март 2020

Денеска ателјето на модниот бренд Елена Лука во Струмица одбележува 5 години јубилеј.

Со идеја својата модна приказна да ја донесе поблиску до граѓаните на Струмица, Елена Лука во 2015 година, покрај ателјето во Скопје, отвори уште еден продажен салон неслучајно токму во овој град.

Од тогаш сeмејството на брендот се шири со задоволни клиенти кои имаат можност да ја носат уметноста на познатата модна куќа на себе.

Од неодамна, ателјето на Елена Лука во Струмица има нова локација, во нов продажен салон кој по сите стандарди ја носи светската мода и тенденции на домашен терен.

Ви посакуваме уште многу успешни јубилеи!

 

Објавено:
18 март 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
233 пати