Атрактивна поп ап продавница на Шанел во Аспен

28 јуни 2014

Се' уште актуелната промотивна тура за  колекција Dallas Métiers d’Art на Шанел, продолжува со привремена поп ап продавница која вчера беше отворена во склоп на ресторанот Casa Tua во Аспен, Колорадо.

Атрактивната поставка вклучува аксесоари, парчиња облека и фотографии вклопени во приказната за Дивиот запад, поставени во амбиент одбележан со патриотски елементи.

На отварањето беа повикани неколку ИТ девојки комплетно стилизирани во парчиња на Шанел, што дополнително предизвика внимание кај локалното население.

Привремениот изложбен салон ќе биде отворен до шести јули.

 

 

 

 

Објавено:
28 јуни 2014
Категорија: 
Актуел