Австралија го забрани солариумот поради првенција од рак на кожа

1 ноември 2013

Првата земја што  ја забрани комерцијалната употреба на солариумот е Австралија и тоа поради превенција од заболување од рак на кожата. Одлуката е донесена откако сојузните држави Нов Јужен Велс, Викторија, Јужна Австралија и Тасманија ги преземаа сите чекори за да се намали или забрани користењето на машината за потемнување на кожата.

 

Истражувањата покажале дека луѓето што користат солариум за кратко време имаат 20 проценти повеќе шанси за развој на меланом во организмот, во однос на оние што никогаш не користеле. Инаку, рак на кожата имаат дури 60 проценти од оние што секоја година користеле солариум, за  тоа сведочат голем број факти меѓу кои и податокот дека оваа болест како последица на тренд однесе дури 2000 животи.

Објавено:
1 ноември 2013
Категорија: 
Актуел