Балетот во Њујорк ќе добие дизајнерски костими

8 август 2014

balet

Светските познатите дизајнери и дизајнерски куќи ќе се впуштат деновиве во нова авантура. New York City Ballet повика неколку омилени дизајнери што ќе ги дизајнираат балетските костими за претстојната сезона. Сара Бартон од Александар Меквин, Каролина Херера, Валентино, Мери Катранцу и Том Браун ќе се погрижат костимите да бидат перфектно изведени и театрални.

Сите костими треба да бидат готови до 23-ти септември, кога ќе се случи и премиерната претстава на NYCB, а секој од дизајнерите е во соработка со по еден кореограф.

Инаку, ова не се случува првпат. Во 2012 година соработка со NYCB остварија Родарте, а следната година Прабал Гурунг, Ирис ван Херпен и Оливер Дејскенс. Но, ова е со сигурност најголемата и еминентна група што некогаш работела на вакви проекти.

Објавено:
8 август 2014
Категорија: 
Актуел