Барбери и Вивијан Вествуд ќе ги здружат силите

11 јули 2018

Британските модни брендови, Барбери и Вивијан Вествуд, ќе ги здружат креативните сили. Официјално нивната соработка беше потврдена со објава на нивните Инстаграм профили, а судејќи по коментарите, веќе има огромен интерес за финалната реализација.

Во март годинава на чело на Барбери дојде Рикардо Тиши и уште тогаш најави дека ќе дизајнира лимитирана, класична колекција која во својот код ќе го носи најсуштинското од Барбери.
Во изработката на оваа колекција се приклучува култната британска дизајнерка и активистка, Вивијан Вествуд.

По тој повод, Тиши изјави:

-Вивијан Вествуд е една од дизајнерките поради која сонував да станам креатор. И кога дојдов на позицијата креативен директор на Барбери, се создаде совршена шанса да соработуваме. Таа е бунтовник, панкерка и голем почитувач на британската модна култура и сила. Горд сум на оваа соработка.

Колекцијата ќе биде пуштена во продажба во декември и покрај облека, ќе содржи и модни додатоци.

Фото извор: Инстаграм

Објавено:
11 јули 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
138 пати