„Барбери“ има малку поинаква божиќна кампања

1 ноември 2016

Модниот бренд „Барбери“ отсекогаш ги имал едни од најубавите празнични кампањи. И оваа година посветуваат големо внимание на тоа, но одлучија да прикажат една малку поинаква приказна.

За претстојниот Божиќ тимот го слави животот на основачот, Томас Барбери, со краток филм во кој се појавуваат Сиена Милер, Лили Џејмс, Домнал Глисон и Доминик Вест.

Како пренесува британски „Вог“, видеото е објавено утринава, а го носи насловот „Приказната на Томас Барбери“ (The Tale of Thomas Burberry). Сценариото е на Мет Черман, а режијата на оскаровецот Асиф Кападија.

Во триминутното видео, Глисон е Томас Барбери, додека Милер и Џејмс ја играат мајката на Барбери.

-Овој Божиќ ние славиме 160 години постоење и токму по тој повод сакавме да ја раскажеме приказната за Томас Барбери – поинерот, иноваторот, човекот што стои зад легендарниот мантил – со наши зборови. Филмот е направен како брз поглед на неговиот неверојатен живот, што се преплетува со историјата на 20-тиот век, со сите негови падови и врвови. За да бидеме праведни кон оваа приказна и големината на Барбери, вклучивме тим на големи британски таленти од 21-от век – Асиф Кападиа, режисер на чија работа исклучително се восхитувам и актери што се едни од најдобрите што ги имаме – Домнал Глисон, Сиена Милер, Доминик Вест и Лили Џејмс. Горди сме што ја споделуваме приказната за Томас Барбери овој Божиќ. Неговиот дух и визија се сè уште срцето на сè што правиме во „Барбери“ денес – вели креативниот директор Кристофер Бејли.

Во продолжение ви го презентираме видеото, кое навистина е како еден мини-филм во кој ќе уживате.

Инаку, периодов, тимот на оваа модна куќа е ангажиран и околу празничните кампањи на „Хародс“, соработка што беше најавена уште во јули годинава.

 

Објавено:
1 ноември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.456 пати