„Basic“ линијата пристигна во ателјето на Елена Лука – шик и екстравагантни секој ден!

23 август 2019

Следејќи ги потребите на современата, модерна жена, модниот бренд Елена Лука во својата богата понуда ја вклучува и „Basic" линијата која ќе му даде стилска нота на секојдневието!

Екстравагантни и шик секој ден...

Концептот на оваа линија е креиран со цел да ѝ овозможи на современата дама, на едно место да ги пронајде сите тренди парчиња што го сочинуваат нејзиниот комплетен имиџ.

„Basic" линијата опфаќа фантастичен избор на женствени фустани, елегантни здолништа и кошули, ултра шик комплети, панталони и блејзери со уникатни принтови, џинс и маички, префинети мантили, елеци, сакоа... Она што треба да се потенцира е дека во понудата на оваа линија е ставено акцент и на исто толку широкиот избор на модни додатоци, без кои изгледот не е комплетен.

Затоа, исклучително внимание е посветено на аксесоарите: марами, накит, чанти, чевли, чизми, патики, сандали, што ќе му дадат автентичен финиш на секој изглед.

„Basic" линијата наменета за актуелната сезона е достапна во продажба во ателјето на Елена Лука во Скопје, а наскоро ќе биде пуштена во продажба и есенската колекција која што ќе му даде посебен шарм на вашиот есенски стил.

Покрај тоа, колекцијата е достапна и во онлајн продажба преку интернет продавницата на Елена Лука, а доставата низ цела Македонија е бесплатна.

Од модниот бренд најавауваат уште многу изненадувања. Бидете во тек!

 

Објавено:
23 август 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.596 пати
Тагови: 
basic Елена Лука