Бекам - дефиниција за врвно стилско семејство...

22 јануари 2018

По ревијата на Луј Витон на машката модна недела во Париз што се одржа деновиве, се зборуваше за две теми: новата колекција на луксузниот бренд и за семејството Бекам.

Втората тема не е воопшто за изненадување, но е за воодушевување.

Викторија и Дејвид Бекам заедно со нивниот 18-годишен син Бруклин беа меѓу највпечатливите гости на ревијата. Тројцата беа стилски синхронизирани, со прецизно одбран секој детаљ на нив, а сепак секој во свој препознатлив стилски фазон.

Трендсетерката и дизајнерка, Викторија одбра за неа препознатлив крој на панталони со макси должина и низок струк, кошула во пруги врз ролка и капут во земјена нијанса.

Дејвид за оваа прилика одбра кежуал стил, што инаку е вообичаен за неговиот имиџ – тегет широки панталони и плетена блуза, бели патики и капут во маслинесто зелена боја.

Нивниот син Бруклин кој важи за стилска икона на новата генерација, беше центар на вниманието во црвена кошула од Луј Витон со интересен принт, тесен џинс и чизми до глужд.

 

Објавено:
22 јануари 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.502 пати