Бекам во ново модно видео

21 август 2015

На Дејвид Бекам му тргна со филмските ангажмани. После улогата во новиот филм на Гај Ричи, Бекам ќе се најде и во новиот краткометражен филм на брендот Belstaff, по повод новата модна кампања.

Филмот е сниман во Мексико, го носи насловот Outlaws, а продуцент е Лив Тајлер. За потсетување, Лив е мажена за најдобриот другар на Дејвид, Дејв Гарднер, со кого од неодамна имаат и бебе.

За новата улога Бекам вели дека отсекогаш сакал да се соочува со нови предизвици.

„Снимањето на овој филм во пустина во Мексико и работењето со целата екипа е авантура што никогаш нема да ја заборавам", вели поранешниот фудбалер, а пренесува „Дејли Мејл".

Интимната забава по повод новата кампања ќе се одржи за време на модната недела во Њујорк следниот месец, непосредно пред шоуто на брендот во Лондон.

Светската премиера на филмот и забава ќе биде на 21-ви септември.

целата екипа на снимањето на краткометражниот филм

Ова не е првпат Дејвид да соработува со брендот. Познат е по кожените јакни што ги рекламира, а дизајнираше две колекции за Belstaff и се појави неколку пати во нивните кампањи.

Дремка после напорниот ден

Објавено:
21 август 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
632 пати