Беверли Хилс 90210: Модни трендови кои и денеска ги носиме!

6 август 2019

Новите епизоди од култната „Беверли Хилс“ ќе почнат да се емитуваат од утре на „Фокс“ мрежата. Возбудени дека повторно ќе ја гледаме екипата со која пораснавме на малите екрани, овој пат одлучивме да се потсетиме на трендовите кои беа апсолутен хит во 90-тите, а и денеска се носат и се „ин“.

 

Кончени парчиња

Сезони наназад летото не можеме да го замислиме без кончени односно хеклани парчиња. Во комбинација со шорц и костим за капење се идеален избор за на плажа, токму како што Кели е облечена на фотографијата.

 

Mom Jeans

Трендот кој токму во 90-тите беше најпопуларен зема замав и последниве неколку години. Во комбинација со облични маици на кратки ракави се незаменлива комбинација за лежерен стајлинг од кој не се откажуваат ни девојките од новите генерации. Всушност, ова е „модна класика“ на која веројатно секогаш ќе ѝ се навраќаме.

Асиметрија и карнери

Асиметричните парчиња и карнерите се посебно популарни годинава. Но, секако дека нивната популарност не почнува од 2019 година. Се носеле и речиси 30 години претходно, па и пред тоа. Ако планирате одмор или се уште не сте имале ваква летна комбинација, Андреа нека ви биде инспирација.

Точкаст принт

Нема потреба да потенцираме колку е овој тренд и денес распространет, доволно е да влезете во првата продавница за облека и сигурни сме дека ќе најдете минимум едно вакво парче. Андреа има совршена кошула во корална нијанса со бели точки, но вие можете да го изберете вашето омилено парче - здолниште, фустан, маица - во која и боја да сакате, важно е да има точки!

Широки палта и машки парчиња

Она што бренда го носи на двете фотографии е апсолутен хит и денес. Волуменозно палто во комбинација со маица и здолниште = совршена тренди комбинација, исто како и волуменозна кошула од вашиот татко или партнер. Комбинациите на Кели не се ништо помалку актуелни. Бохо јакна со реси, супер избор за летни музички фестивали, а џинс, корсет и долго палто во интензивна боја е комбинација што можете да ја сретнете кај многу модни блогерки и инфлуенсерки.

Парчиња со транспарентни делови

Последнава година сведочиме на сè поголемото присуство на блузи и фустани кои во горниот дел се со транспарентна мрежа. Дамите ги обожуваат бидејќи се истовремено и секси и женствени. Во комбинација со црно здолниште како во случајот или панталони, џинс може да биде совршен стајлинг за вечерно излегување.

Рертро очила за сонце + шишки

Доволно е само да отворите Инстаграм и ќе видите колку овој тренд е распространет. Ретрото е „ин“!

Подвиткани ракави

Широки кошули со подвиткани ракави се нешто што мажите сè повеќе го преферираат. Полека заминува трендот на претерано тесни кошули и се враќа лежерноста во мода.  

Синџири

„Версаче“ како повторно да го врати овој ултра популарен тренд од 90-тите. Дали ќе се одлучите за ремен како што има Дона на фотографијата или за капче какво што носи Кели, не е важно, синџирите се дефинитивно „ин“. Но и сите комбинации од фотографијата - краток топ, волуменозна бела кошула и окер палто со топ - да, тоа со задоволство го носиме и денес.

Листата секако не завршува тука, но она што ќе биде уште поинтересно е да се види како главните ликови ќе бидат дотерани во новите епизоди - 19 години подоцна од последната емитувана епизода. 

Едвај чекаме!

Објавено:
6 август 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.556 пати