Би носеле ли асиметрични фармерки?

10 јануари 2019

Кога станува збор за нови трендови, повеќе ништо не треба да не изненадува. Токму таков е и случајот со последниот тренд што зема сè поголем замав на социјалните мрежи, а тоа се асиметричните фармерки за кои сè уште не можеме да се одлучиме дали нѝ се допаѓаат.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Ksenia Schnaider (@kseniaschnaider) onJan 7, 2019 at 11:16pm PST

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Ksenia Schnaider (@kseniaschnaider) onJan 2, 2019 at 10:13pm PST

Иако досега можевме да видиме слични модели од познатите брендови како Vetements и Y Project, украинската дизајнерка Ксенија Шнајдер направи фармерки што за кратко време направија бум на социјалните мрежи.

Познатата манекенка Бела Хадид е голема обожавателка на дизајнерката, па голема е веројатноста дека многу скоро ќе ја видиме во нејзините модели.

Неодамна модниот магазин Вог објави статија во која пишува дека токму овие фармерки ќе бидат следниот голем тренд, па останува да видиме дали нивната прогноза е точна.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Ksenia Schnaider (@kseniaschnaider) onJan 9, 2019 at 10:54pm PST

 

Дали вие би ги носеле овие фармерки?

Инфо и фото: Elle.hr, Instagram

Објавено:
10 јануари 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
299 пати