Битолчанки подгответе се за трка на високи потпетици!

14 јуни 2013

После скопјанки и битолчанки ќе ги измерат силите во трчање на високи потпетици на Широк Сокак,  во рамките на годинешното издание на фестивалот „Битола Отворен Град“, кој е во организација на Младинскиот културен центар од Битола.

Организаторите праќаат јавен повик  до сите девојки од Битола кои сакаат да ја покажат својата способност и брзина во трчање на високи потпетици. Услови за влез се потпетицата да не биде пократка од 8 сантиметри и поширока од 2 сантиметри. Трката ќе се одржи на 27-ми јуни и ќе стартува од градскиот плоштад  „Магнолија“. За победничката ќе следува плакета и парична награда, а колку за потсетување првата трка од ваков вид се одржа во 2007 година во Битола.

Објавено:
14 јуни 2013
Категорија: 
Актуел