Бизарност или луксуз: Сребрена сапајлица „Прада“ за 185 долари

29 јуни 2017

После копијата на „Баленсијага“ на торбата од „Икеа“ по цена од 2.145 долари (а оригиналната чини 99 центи), во модната индустрија има нова понуда, побизарна и од оваа – сребрена спајалица со гравирано лого на брендот „Прада“.

Цената на оваа скапоцена спајалица изнесува 185 долари и уште поинтересно е тоа што е наменета за „држење“ на пари.

Се продава во „Бернис“, долга е 6.25 сантиметри, а широка 2.25 сантиметри.

Ако случајно, ова некому му е премногу за една спајалица, во „Бернис“ имаат уште две верзии на спајалицата, по цена од 150 долари.

Но, и Амазон продаваат спајалици и тоа со идентични димензии, а цената е 5.5 долари за 300 парчиња. Секако, не се изработени од сребро и не се со лого „Прада“.

Сепак, постои уште една разлика помеѓу спајалиците на „Амазон“ да речеме и оваа на „Прада“. Дизајнерската е наменета за држење на поголемо купче пари, без притоа да се извитка, а исто така не остава ни траги на парите, за да не може да види некој дека со спајалица сте ги чувале.

фото: Пинтерест

Не сме единствените што малку се шегуваат на оваа тема. Очекувано и Твитер заедницата го кажа своето мислење во однос на спајалицата што чини 185 долари.

Некои од коментарите ви ги презентираме во продолжение, а без разлика колку на нас ова ни изгледа глупаво, повеќе од сигурни сме дека одлично ќе се продаваат, иако сè уште не можеме да ја сфатиме сосема потребата од ваков „додаток“. Но, тие што ќе дадат 185 долари за спајалица веројатно ја сфаќаат.

 

Објавено:
29 јуни 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
217 пати