Бјорк на насловна на Gentlewoman

24 февруари 2015

bjork-gentlewoman-2015-spring-photos01

Пејачката Бјорк ја краси насловната страна на магазинот The Gentlewoman. Ова списание излегува два пати годишно, а тимот одлучи за изданието пролет-лето да ја повика Бјорк, која според овие најнови фотографии и во 49-тата година изгледа беспрекорно.

За фотосесијата се погрижи Аласдер Меклелан. На една од фотографиите, пејачката позира со рацете на лице, облечена во топ во боја на лаванда, што во комбинација со нејзината впечатливо црна коса, доаѓа во одличен спој.

Покрај убавината, еден од поводите зошто токму Бјорк да се најде на насловната страна се албумот кој излезе во јануари, а е посветен на нејзиното самоистражување, по раскинување на долга врска, а уште повеќе изложбата, односно претставувањето на нејзините инсталации во Њујорк што ќе се случи следниот месец.

Додека да ги видиме новостите, во продолжение погледнете дел од фотографиите што ќе се најдат во списанието.

bjork-gentlewoman-2015-spring-photos02

bjork-gentlewoman-2015-spring-photos03

Објавено:
24 февруари 2015
Категорија: 
Актуел