„Black Friday“ во Елена Лука – супер попусти до 70%

21 ноември 2018

Време е за шопинг!

Овој викенд во ателјеата на модниот бренд Елена Лука ви подготвуваат одлични изненадувања. Елена Лука се приклучува на акцијата „Black Friday" со што клиентите на овој бренд ќе добијат супер попусти до 70% на уникатните дизајнерски парчиња.

Подновете се со префинети и автентични дизајни со потписот на Елена Лука и надополнете го шармот на вашот имиџ со софистициран печат.

Елегантните топли зимски капути од Елена Лука се совршена солуција како оваа зима да го заокружите вашиот имиџ со впечатливо дизајнерско парче.

Дводелни костуми со интересни дезени, елегантни здолништа, дамски тоалети, софистицирани деловни пaрчиња се само дел од префинетиот избор на модниот бренд, што овој викенд се со намалена цена до 70%.

Тимот на Елена Лука ве очекува во ателјеата во Скопје и Струмица.

 

Објавено:
21 ноември 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
478 пати