Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс го очекуваат третото дете

3 мај 2019

Познатата актерка Блејк Лајвли го очекува третото дете со сопругот Рајан Рејнолдс. Таа за прв пат го покажа трудничкото стомаче вчеравечер на премиерата на новиот филм на нејзиниот сопруг.

Двојката веќе има две деца заедно, Џејмс која има четири години и Инес, две. Инаку, тие отсекогаш говореа дека сакаат големо семејство, а во едно интервју актерката изјави дека ако би можела, би сакала да има и 30 деца.

На премиерата на „Покемон: Детектив Пикачу“ во кој Рејнолдс го позајмува гласот, актерката се појави во прекрасен жолт фустан од брендот Retrofete со минималистички ремен над стомачето.

Фустанот таа го надополни со сандали на висока потпетица во неколку бои и колоритна мини чантичка.

Овојпат таа се одлучи за минимална шминка и виткана коса, а на комбинацијата ѝ додаде и  впечатливи златни обетки со кристали во неколку бои.

Ова е прв пат актерката да го покаже трудничкото стомаче, откако веќе неколку месеци успешно ја криеја веста за нејзината трета бременост.

Рајан и Блејк се венчаа во 2012 – таа година по неколку месечна врска.

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
3 мај 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
743 пати