Блејк Лајвли вели дека нема стилист и сама се грижи за изгледот

30 јули 2013

Популарната актерка Блејк Лајвли сними уште една насловна страница, овојпат за септемврискиот број на магазинот Lucky, а уште од корицата ја читаме нејзината изјава дека не ангажира моден стилист и секогаш му верува на сопствениот стил. Во интервјуто таа вели дека нема потреба од стилист и дека прима модни совети од најважниот критичар – самата себеси. Меѓудругото зборува за својата кариера и како успева да ја балансира со приватниот живот, за стилот на својот сопруг Рајан Рејнолдс и како мисли дека тој имаа подобар моден вкус од неа, а на прашањето како еволуирал нејзиното чувство за мода Блејк изјави: „Неодамна ме прашаа дали се сменил мојот стил откако се омажив, небаре сега живеам под некаква диктатура. Се надевам дека сега на 25 години се облекувам поразлично од средношколските денови. И се надевам дека таа еволуција никогаш нема да престане“. Магазинот LuckyЛајвли ја преставува како модерна модна икона, а покрај насловната, актерката сними и моден едиторијал со кој се најавуваат есенските колекции.

 

Патрик Демаршелие ја фотографираше Блејк Лајвли за насловната Патрик Демаршелие ја фотографираше Блејк Лајвли за насловната

 

 

Од снимањето на едиторијалот Од снимањето на едиторијалот

 

 

Објавено:
30 јули 2013
Категорија: 
Актуел