Боно е маж на годината

3 ноември 2016

Aмериканскиот магазин Гламур го прогласи фронтменот на групата U2, Боно Вокс за маж на годината. За прв пат во 36 годишната историја на овој магазин избираат машки лик на годината. Отсекогаш го славеле делото на жената, но оваа година ќе направат преседан.

„Кога една рок ѕвезда целиот свој живот ќе се фокусира за правата на жените и девојчињата тогаш нашата одлука Боно да ја добие наградата станува вистинско славење и среќа", велат од Гламур.

Боно кој има 56 години е креатор на кампањата „Poverty Is Sexist" која се однесува на сиромашни жени, помага за нивна едукација, здравствена состојба и бизнис можности. Оваа кмапања е дел од „ONE organization" која помогна во 2004-та година светот да дознае многу повеќе за гладта во Африка.

Боно се заблагодари на магазинот за наградата велејќи дека борбата за еднкави права продолжува и понатаму и не може да опстане ако во тоа не се вклучат подеднакво и мажите и жените и преку своите предлози да се донесат конструктивни решенија и одлуки.

„Ние сите можеме да сториме многу повеќе отколку што мислиме. Лидерите на светот може сметаат на нас многу повеќе отколку што тие мислат. Ако не ги поддржуваат еднаквите права за жените тогаш не гласајте за таквите политичари", потенцира Боно.

Церемонијата ќе се одржи на 14-ти ноември во Лос Анџелес.

Објавено:
3 ноември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
171 пати