#BoPo: Научете да си го сакате телото и со целулит!

13 април 2017

Ако имате навика барем еднаш во денот да ги погледнете новостите на социјалната мрежа Инстаграм, тогаш деновиве сигурно погледнавте барем една фотографија со #BoPo (Body Positivity).

Доколку го впишете овој збор ќе добиете одлична галерија од жени од многу страни на светот, кои ги сакаат своите тела и не се срамат да ги покажат.

Стрии, лузни, килограми вишок, целулит...сето ова ќе го видите на фотографиите од прекрасните жени кои споделуваат нивни фотографии на социјалната мрежа.

Всушност, станува збор за одлично движење кое има за цел да ја слави убавината на женското тело и да ги научи жените да се сакаат онакви какви што всушност се.

За многу кратко време ова движење стана ултра популарно, со оглед на бројните фотографии од жени од целиот свет како поддршка за лицата кои имаат проблеми со исхраната.

Тие сакаат да им порачаат дека со балансирана и здрава исхрана можат да го подобрат квалитетот на животот.

Жените кои ги споделуваат овие фотографии сакаат да потенцираат дека никој не е сам во борбите против суровиот свет и луѓето во него, кои постојано промовираат некакви искривени вредности за женското тело.

Дел од ова движење се и фотографиите кои девојките ги објавуваат секоја сабота со #Cellulitesaturday, со кои сакаат да порачаат дека целилитот е нешто сосема нормално и не е толку страшно ако некоја девојка го има.

Дека работите можеби се подобруваат сведочат и сѐ поголемиот број plus size модели кои можеме да ги видиме во разни реклами и едиторијали, но и како манекенки на писта на познати дизајнери.

Социјалните мрежи се совршена алатка за промовирање на разни работи, а со ова движење само уште еднаш се докажува колкава моќ имаат тие всушност.

Објавено:
13 април 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
599 пати